Со тешки телесни повреди се здобило 22-годишно момче при нагло сопирање на автобусот кој вршел градски превоз.
Полицијата соопшти дека несреќета се случила вчера во 16.30 на бул.„Јане Сандански“ во Скопје.
-Во автобус „Мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.М.(59) од Скопје, при сопирање, патникот Б.А.(22) од Скопје паднал на подот од автобусот и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР, соопшти МВР.