Агенцијата за електронски комуникации ја избра компанијата „Оне Македонија телекомуникации“ од унгарската група 4iG за трет мобилен оператор во земјава, со цел зголемување на конкуренцијата и подобрување на услугите. Новиот оператор ќе плати еднократен надомест за користење радиофреквенции и треба да започне со комерцијално работење најдоцна до крајот на 2026 година.
Согласно обврските, компанијата треба да обезбеди 5G покриеност во најмалку еден град до 2027 година, а целосна 5G мрежа во наредните години. Досега пазарот беше доминиран од два оператори, што, според експертите, ја ограничуваше конкуренцијата. Со влезот на третиот оператор се очекуваат пониски цени, поголем избор и побрз интернет за корисниците.
Процесот за воведување трет мрежен оператор за мобилни мрежи и услуги почна минатата година откога Групацијата 4иГ, преку својата подружница „Оне Македонија телекомуникации“, на 17 декември 2024 година официјално достави писмо за намери до АЕК, каде што изрази интерес за обезбедување достапни радиофреквенции како дел од планот за влез на телекомуникацискиот пазар како нов оператор во државата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: