Темен режим Режим на светлина

Пак има најава дека наскоро ќе стане функционален мостот на булевар Асном кој треба да го поврзе Аеродром со Гази Баба

Со години чмае неискористен новоизградениот мост кој треба да ги поврзе Аеродром и Гази Баба. Е, тоа наскоро немало да биде така.

Од општина Гази Баба информираат дека целосно ќе биде ставен во функција Мостот на булеварот АСНОМ.

– Новиот добива завршница и станува една од најважните сообраќајни врски во градот.  Градот Скопје со засилена динамика работи на експропријацијата на преостанатите објекти и пробивањето на улиците, со цел булеварот да се стави во целосна функција што е можно побрзо, порача градоначалникот Боби Стефковски.

Инаку, најави дека мостот ќе биде ставен во фукција низ годините даваа и Петре Шилегов и Данела Арсовска.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Распишан конкурсот на општина Центар за проекти од областа на културата

Следна објава

Муцунски од Истанбул: Потврдено силното македонско-турско сојузништво во НАТО и борбата за стабилен Балкан