Темно Режим Светло Режим

Уапсен малолетник во Гостивар, насилно ограбил друг малолетник

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 17 часот и 15 минути во гостиварска Горна Бањица лишиле од слобода малолетник од населба Фазанерија.

– Тој се сомничи дека на 27-ми овој месец во Гостивар извршил разбојничка кражба над друг малолетник од населбата Циглана и му одзел личен предмет. Одземениот предмет вчера е пронајден и вратен на мајката на малолетникот, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе следува соодветен поднесок.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Капацитетите на обновливи извори на енергија во Македонија лани пораснале за 160 отсто

Следниот Пост

Тешко повреден 29 годишник во сообраќајка