Уште 22 првачиња распоредени во две паралелки од центарското основно училиште „Гоце Делчев“ се во изолација, информира денеска општина Центар.
Причина за ова е тоа што мајка на едно од првачињата, која е и наставник во училиштето, иако веќе неколку дена имала симптоми на корона вирусот, и не одела на работа, сепак детето го носела на настава.
Општина Центар најостро го осудува неодгворното однесување на наставничката и бара од директорката целосно да го испита случајот и соодветно да ја санкционира наставничката.
-Нагласувам дека вакво несовесно и неодговорно однесување на еден просветен работник не смее да биде толерирано. Наставниците треба да бидат пример како се работи посветено за доброто на децата и во никој случај не смеат да дозволат со своето однесување да ја доведат во опасност безбедноста на учениците, изјави вели градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.
Инаку, вчера беше сооштено дека 17 првачиња се ставени во изолација откако е утврдено дека нивната наставничка е позитивна на корона вирус.
Општината ги презема сите чекори за одржување на хигиената во училиштата и апелира до образовниот кадар и до родителите да ги почитуваат здравствените мерки и препораки.