Најголем пораст на новозаболените има меѓу младите од 20 до 29 години

За 60 проценти е зголемен бројот на новозаразените од корона вирусот меѓу младите од 20 до 29 години, се наведува во анализата на Институтот за јавно здравје за период од 28 септември до 4 октомври. Во овој период имало 194 новозаболени од оваа старосна група меѓу вкупно 1.203 новоинфицирани лица.

Зголемување на заболените имало и во старосната група од 30 до 39 години – вкупно 222, што е зголемување од 46,1 процент во однос на претходниот период.

Со новозаболените и натаму е најзастапена возрасната група на лица на возраст над 60 години  со 239 заболени. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (н=220; 18,3 отсто), 50-59 (н=200; 16,6 процент). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (н=38; 3,2 отсто) и 10-19 години (н=90; 7,5 процент).

Пријавени се 30 смртни случаи, 7,1 процент повеќе во однос на претходната недела. Во однос на возраста, 24 лица биле над 60 години, а 6 лица на возраст од 50-59 години. 29 од случаите биле хоспитализирани, а само едно лице од починатите не било хоспитализирано. Коморбидитети се регистрирани кај 20 починати лица.

Најголем дел од ново регистрираните случаи се од Скопје (н=519; 43,1%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово – 192,3 на 100.000 жители. Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 12.2 отсто или 3 проценти повеќе во однос на претходната недела.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (н=1074; 89,3 проценти), регистрирани се 142 (13,2 отсто) хоспитализирани, а кај 280 (26,1 отсто) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи во периодот 28 септември-4 октомври,  403 (37,6 отсто) имаат контакт со потврден случај.

Претходна вестУште 22 првачиња во изолација: Наставничка не одела на работа, но го носела детето на настава
Следна вестБаскетот се уште ќе биде на боледување