За Филипче немало ризик од отворањето на границите и од претстојниот викенд без ДДВ

Влегувањето во Македонија од државјаните од земјите во регионот како и заминувањата на нашите државјани во нив за министертот за здравство Венко Филипче не преставува ризик за дополнително ширење на корона вирусот. Познато е, од понеделник Македонија и земјите во регионот – Србија, Косово, Црне Гора и БИХ се договорија да ги отворат границите за влез и излез на граѓаните без приложување на негативен ПЦР тест а што до сега беше обврска.

-Многу мал процент до 3 отсто се заразиле надвор. Во таа смисла транзит преку границите согласно нашиот договор сметаме дека не е ризик, затоа што е слична или иста епидемоилошката ситуација, и секаде важат речиси истите мерки. На почетокот на кризата многу малку се знаеше за вирусот, и затоа беа тогаш мерките од карантини и ограничување во движењето. Секаде се препорачуваат маските и дистанцата. И само така може да ја пребродиме зимата, објасни Филипче.

За него не е голем ризик ниту претстојниот викенд во текот на кој се очекува многу граѓани да ги посетуваат трговците центри и други објекти во рамките на „Викендот без ДДВ“ што го најави Владата.

-Најавениот викенд без ДДВ не е ризик, затоа што има протоколи. Никаде во продавниците нема да се пуштаат поголема група, ќе носат маски и тоа е доволно, рече Филипче.

Претходна вестФилипче ќе ја брза Владата да одлучи за носење маски на отворено, а има план и за поригорозни мерки
Следна вестНавивање пред телевизор за македонските фудбалери