Вјоса Османи контра Курти: Секој обид да се поткопаат правата на Албанците во Северна Македонија ќе наиде на решително противење

Koсовската претседателка Вјоса Османи вели дека секое загрозување на правата на Албанците во Македонија ќе наиде на противење и единство на Албанците од цел Балкан.

Османи изјави дека Албанците се конститутивен народ во Македонија, „со решавачки придонес за демократизацијата и евроатлантската интеграција на земјата“. Таа порача дека „секој обид да се поткопаат“ правата на Албанците во Северна Македонија „ќе наиде на решително противење и непоколебливо единство на Албанците од целиот Западен Балкан“.

Според неа, ќе се преземе сé „за да не се направи чекор назад“ во однос на правата на Албанците стекнати со Охридскиот договор.Таа истакна дека е неопходна континуирана координација меѓу Косово и Албанија, особено за прашањата од надворешната политика и безбедноста, но пред сé за заштита на правата на Албанците.

Премиерот на Косово, Албин Курти по заедничката меѓувладина седница со македонската и косовската влада, зборуваше за загрозувањето на албанскиот јазик во Македонија, како што вели албанската опозиција, и побара од Косово и од Албанија да го заштити јазикот.

-Нема ниту имало во минатото употреба на албанскиот јазик во Македонија, туку за јазиците на националностите на 20 отсто од жителите во земјата. Од друга страна верувам дека сите треба да чекаме една правична одлука на Уставниот суд во Македонија, кој нема да направи ниту исклучување, ниту дискриминација, и кој го почитува повеќејазичниот карактер во Македонија кој несомнено постои. Знаете вие во Косово дека Албанци се 93%, четири посто се Срби, а српскиот јазик е службен тука кај нас. Но, во Македонија не може да се каже дека албанскиот јазик е службен јазик, и сега е под закана. Ова не е вистина, рече Курти.

Претходна вестВлада: ЈСП „Скопје“ ќе добие гориво од нафтените резерви
Следна вестМалолетник од Кучевиште избоден со нож кај Транспортен центар Скопје од група малолетници