Темен режим Режим на светлина

Претежно облачно со врнежи од дожд

На подрачјето на Македонија денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни (над 40 л/м2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 км/х). Во текот на ноќта врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег, а потоа и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка.

Температурата ќе се движи од 10 до 14 степени.

Во Скопје претежно облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Во текот на ноќта со засилен северен ветер ќе има услови во повисоките делови од котлината врнежите од дожд да преминат во снег со слаб интензитет.

Максималната температура ќе достигне 12 степени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Неколку скопски улици денеска без вода

Прекинато водоснабдување за жителите на улицата Петричка 11 во Скопје

Следна објава
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка