СДСМ утрово на својата страница на Фејсбук објави соопштение каде што настаните од 27 април 2017 година ги поврзува со историски настани од минатото. Го објавуваме во целост:
„Тероризмот е во крвта на ВМРО!
На годишнината од бруталниот напад врз македонското Собрание, јасно и недвосмислено го повторуваме: тероризмот е во крвта на ВМРО!
Истиот оној терористички менталитет којшто пред дваесет и две години стоеше зад атентатот врз првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, на 27 април 2017 година во Собранието се обиде да изврши убиство на демократски избраните претставници на граѓаните, кои сакаа слобода по децении на недемократски терор врз Македонија.
Историјата на ВМРО е полна со антидржавни и антимакедонски злодела.
Пробугарското крило на ВМРО со децении водеше терористичка кампања за приклучување на Македонија кон Бугарија, негирајќи го постоењето на македонскиот народ и македонскиот идентитет.
Тие убиваа македонски револуционери и патриоти кои се бореа за независна Македонија, извршија атентати и масакри врз сопствениот македонски народ. Со Марсејскиот атентат во 1934 година и убиството на кралот Александар Караѓорѓевиќ, директно го дестабилизираа регионот за туѓи интереси.
Во 2017 година демократијата во Македонија беше сериозно загрозена.
Насилниците кои го нападнаа Собранието, кои ги тепаа пратениците, новинарите и граѓаните, не се „луѓе со различни мислења“ тие се терористи кои ја загрозија уставната власт и безбедноста на државата.
А денес, истата таа ВМРО-OKГ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски продолжуваат по истиот пат.
Со своите изјави Мицкоски јавно ги ослободува од одговорност учесниците во терористичкиот акт од 27 април, ги брани насилниците и ги претставува како „жртви“.
Денес оваа криминална група, оваа терористичка ќелија сместена во Белата палата, спроведува антидржавен тероризам.
Мицкоски и неговата банда секојдневно спроведуваат терор врз правосудството, терор врз демократијата, терор врз економијата, терор врз тендерите и терор врз иднината на Македонија и нејзините граѓани.
Ако треба во неколку реченици да се објасни дејствувањето на Мицкоски и неговата криминална група, тогаш тоа е: едно антидржавно, антиевропско и антинародно дејствување.
Христијан Мицкоски со своето однесување и изјави стана срам за демократијата во Македонија.
Наместо осуда на насилството, тој го рехабилитира и го велича, а на истите лица обвинети за тероризам им дава простор да го трујат народот преку Орбановите медиуми.
Така постапуваат лажните патриоти со бугарски пасоши.
С
ДСМ нема да дозволи враќање на терористичкиот модел на ВМРО!
Ќе ја браниме демократијата, уставниот поредок, слободата на говор, слободата на медиумите и европската иднина на Македонија, со сите демократски средства.
СДСМ се бори за демократска и европска Македонија!“ се вели во денешното соопштение на опозициската партија.



