Темно Режим Светло Режим

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со Заев разви само концепти на криминал, неспособност и неодговорност, затоа сите бегаат од нив

Од концепти власта на Заев покажа концепти на криминализираност, неспособност и неодговорност. Тоа народот го виде и затоа сега рејтингот им е во слободен пад. Како што им се наближува изборниот пораз, така нервозата во СДСМ станува поголема. Од очај лажат, фабрикуваат невистини. Народот веќе ги препозна како „лажна вест партија“ и не им верува, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Не им веруваат повеќе ниту членството, ниту коалициските партнери. Самостоен настап најавија БЕСА, ДОМ, ЛДП, Бошњачки Демократски Сојуз, но и самостојните кандидатури на Максим Димитриевски во Куманово и Зоран Ногачевски во Дебарца. Затоа сите бегаат од Заев и СДСМ. Никој не сака да има работа со партијата на власт која дозволува криминалци наместо во затвор да хараат по патиштата и да предизвикуваат трагични сообраќајки, која дозволува криминални активност на дипломати, која има функционери кои градат дивоградби, кои имаат коруптивни скандали на секој чекор, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека СДСМ стана партија на проблеми и раздор, партија која Заев ја смета за приватна фирма која ги изведува неговите мафијашки потфати.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Македонските одбојкари денеска против фаворитот Турција на ЕП

Следниот Пост

Фудбалската репрезентација на Македонија денес гостува на Исланд