Темен режим Режим на светлина

Скопје: Казнети 145 возачи, 77 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 145 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 77 санкции, 14 за возење под дејство на алкохол, 11 за возење без возачка дозвола, четири прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Сончев ден со свежо утро, следува период на стабилно време

Променливо облачно со сончеви периоди и температури до 28 степени

Следна објава

Во Хрватска започна учебната година, учениците со маски