Како на Див Запад: Малолетници киднапирале девојче во Шутка

Девојче од скопската населба Шуто Оризари било физички нападнато и киднапирано од две малолетни лица, соопшти МВР.

-Приведени се двајца малолетници и со нив е извршен службен разговор затоа што со уште еден малолетник на 4 септември во куќа во Шуто Оризари противправно лишиле од слобода малолетничка и физички ја нападнале, информираат од МВР.

Малолетничката е предадена на родителот, а во координација со јавен обвинител и Центарот за социјални работи се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Претходна вестКипар не избриша и од црвената зона – не не примаат ни со вакцини
Следна вестЗа случаите со заразени ученици, институциите гледаат по принципот чашата е полуполна или полупразна