Кипар не избриша и од црвената зона – не не примаат ни со вакцини

Македонија повеќе не е ниту во црвената зона земји за патување на Кипар, според листата што денеска ја објави тамошното Министерство за здравство.

Според новата категоризација, нашата земја е тргната и од црвената зона во која беше во изминатиот период, а новите правила стапуваат во сила во четврток на 9 септември.

Како и досега, државите членки на ЕУ и третите земји, во зависност од епидемиолошката слика поделени се во три категории: зелена, портокалова и црвена, за секоја од нив важат посебни правила. Оние кои не се во некоја од овие зони, како што е случај со Македонија, се во сивата категорија.

Сивата зона, значи патување на Кипар само по добиена специјална дозвола, само за одредени категории и со негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа претходно и карантин по пристигнувањето.

Земјава, во текот на летото од црвената стигна и до зелената категорија, беше преместена во портокаловата, а потоа одново се врати во црвената зона, а од четврток веќе ќе биде во сивата категорија.

Во однос на вакцинираните посетители, од Министерството за здравство на Кипар соопштуваат дека ослободени од задолжителниот негативен тест или карантин, се туристите кои поседуваат сертификат за вакцинација издаден од повеќе земји, а и на таа листа не е нашата земја.

Претходна вестНе е интернетот, апликацијата за попис е – Статистика му се извини на Телеком што го обвини за проблемите
Следна вестКако на Див Запад: Малолетници киднапирале девојче во Шутка