Темен режим Режим на светлина

Седум дена беснее пожар на Галичица

Седми ден беснее пожарот на Галичица кој најпрвин изби од албанската страна на планината. Од синоќа огнот почна да се приближува и до шумскиот предел на македонска страна, а пламените јазици доцна во ноќта се гледаа како надвиснуваат над селото Љубаништа.

Според информациите на ЦУК на Галичица досега гори сува трева и нискостеблеста вегетација но состојбата моментално е премината во критична фаза. Пожарот е на непристапен терен каде има неексплодирани убојни средства од Балканските и Првата светска војна што го оневозможуваат процесот на гаснење и посериозна интервенција на надлежните служби велат од ЦУК.Само во текот на вчерашниот ден се слушнале три експлозии.

На терен се ренџерските екипи од Националниот парк и граничната полиција, а повеќе информации за состојбата со пожарот се најавуваат за подоцна.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Аеродромските шатки зимница ќе прават во Вардар

Следна објава

Нови 459 случаи, починаа 21 лице од ковид