Македонските одбојкари со трет пораз на ЕП

100

Надежите дека Турција ќе биде шансата на македонската одбојкарска репрезентација да ја забележи првата победа на Европското првенство во Финска, беа урнати откако доживеавме тежок 3:0 (25:22, 25:12, 25:15) пораз.

Откако го загубивме израмнетиот прв сет, во кој дојдовме на 22:23, потоа следуваше рутинска победа на турската репрезентација, која се покажа пресилна за „Спартанците“.

Следен меч за Македонија е утрешниот дуел со Шпанците, каде што ќе се обидеме да го поправиме впечатокот и да избегнеме последно место во групата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестНови 459 случаи, починаа 21 лице од ковид
Следна вестМакедонија прокоцка водство од 2-0, и одигра нерешено со Исланд