Многу возачи во Скопје возат пребрзо. Да ти е страв да излезеш на улица. Дали полицијата доволно ги дисциплинира таквите шофери?
Еве на пример минатиов ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 332 санкции, меѓу кои пречекорување на дозволената брзина на движење 109 прекршоци, соопшти денеска МВР.
-Имаше 48 технички неисправни и нерегистрирани возила, санкционирани се 20 мотоциклисти, а изречени се 37 казни за неносење на заштитна маска, се наведува во извештајот.
МВР предупредува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Тие апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
Сепак, останува впечатокот дека треба многу посеопфатна акција на полицијата, пребрзото ризично возење воопшто не е намалено низ градот.