Пет лица се повредени при судар на автомобил и мотоцикл во Скопје

Две лица се здобиле со потешки телесни повреди, а три други со полесни, во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 13.10 часот во Скопје, на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“. МВР соопшти дека сообраќајката се случила помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(23) и мотоцикл „Агуста“, со дебарски регистарски ознаки, управувано од М.И.(24), и двајцата од Скопје.

-Во незгодата, М.И. и сопатникот од мотоциклот П.А.(22) се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, а И.А., Ј.С.(25) од с.Грчец и уште еден малолетен сопатник од патничкото возило „Фолксваген голф“, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош, се наведува во информацијата.

Претходна вестШто ни кажуваат скопските места?
Следна вестОбвинителството, а не Димова треба да одговорат што е вистината со магарињата, фризерите…