Нападнал жена, а потоа и полицајци во Аеродром

Напад на жена и на полициски службеници како и кршење на инвентарот во објектот спроти Мајчин дом во Аеродром е последица на синоќешното дивеење на еден скопјанец.

Полицијата соопшти дека триесетгодишното лице било проведено.

-Лицето ги нападнало полициските службеници кои дошле на терен откако до нив стигнала пријава дека мажот насилно се однесува и го крши инвентарот во продажен објект наспроти „Мајчин дом“. Пријавено дека скопјанецот претходно физички ја нападнал и А.Т.(50) од Скопје, се наведува во соопштението.

 Се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходна вестМодуларната болница на Инфективна клиника можно е уште вечер да се активира
Следна вестЈСП ќе ги плаќа казните за повеќе од 4 лица кои „си дишат во врат“ во автобус?