Паркиран камион ненадејно тргнал и повредил две лица

Две лица се повредени откако вчера изутрина ненадјено придвижил камионот што бил паркиран во скопското село Брест, соопшти полицијата.

На 11.10.2020 околу 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје биле донесени повредени А.А.(37) од Скопје и А.Д.(26) од с.Брест.

-Полициски службеници излегле на местото на настанот, а при извршен разговор со А.А., тој кажал дека заедно со А.Д. се здобиле со повреди откако само се придвижило товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано на улица помеѓу с.Брест и с.Малино Маало, се наведува во информацијата.

Претходна вестАрсовски: Лидија Димова да си даде оставка веднаш, да не се остава време да се чистат докази
Следна вестЌе го снема ли метежот: Улицата „11 Октомври вечерва се отвора за сообраќај