Дали Владата денеска ќе ни нареди задолжителното носење маски надвор?

Предлогот за задолжителното носење на заштитни маски на јавен простор ќе се најде на денешната седница на Владата. Предлогот на Комисијата за заразни болести е маска или заштитна прекривка на устата и носот и при престој на отворено дури и кога лицето се движи само, како и во затворени простории. Од оваа обврска ќе бидат ослободени само лица кои спортуваат, деца до шест години, оние кои се возат во приватно возило со членови на семејството, при седење во угостителски објекти.

Останува да се види дали оваа мерка министрите и премиерот ќе ја одобрат, со оглед на тоа дека неколку медицински експерти во Македонија, а и во светот, посочуваат дека носењето на маски на отворено не е потребно, а може да биде и контрапродуктивно за здравјето на луѓето. Објаснувањата за потребата на носење маската треба подетално да ја кажат од Комисијата која ова и го предлага.

Инаку, освен за ова, министрите ќе се изјаснат и за предлогот за забрана на групирање на повеќе од четири лица после 22 часот, како и за тоа едно семејство да може да прими најмногу четворица гости.

Денешната седница на Владата ќе биде онлајн по препорака на здравствените власти откако последниот период се забележа наплив од нови случаи со Ковид-19.

Претходна вестПроменливо облачно со дожд и ветер
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Чесно е Венко Филипче да ги признае грешките и да поднесе оставка