Темно Режим Светло Режим

Три лица се обиделе да украдат изборен материјал од простории во Општина Чаир

Обид за кражба на изборен материјал за утрешните избори е пријавен денеска во полицијата

МВР информира дека во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на општина Чаир, каде што се чува изборен материјал.

-Но, откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото. Не е причинета штета на капијата ни на изборниот материјал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Претседателот на Кина пристигнува во Белград со делегација од 400 луѓе, ќе се потпишат над 30 договори...

Следниот Пост

При претрес дома му пронашле 3 полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми