Променливо облачно со дожд и ветер

Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта облачно со врнежи од дожд, грмежи и силен ветер, најавуваат метеоролозите за денеска на скопското подрачје. Се очекува за кратко време да наврне поголема количина на воден талог. Температурата ќе достигне до 24 степени.

Во предупредувањето на УХМР се вели дека во Македонија попладне, почнувајќи од запад, ќе започнат врнежи од дожд, во вечерните часови ќе се прошират насекаде и ќе се интензивираат. Во текот на ноќта и утре во утринските часови процесите ќе бидат во форма на невреме со обилни врнежи од дожд (над 30 л/м2 за кратко време), силен ветер (со удари над 80 км/час), појава на грмежи и можна појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.

Утре претпладне ќе има врнежи од дожд, во источните делови поројни, проследени со грмежи и силен ветер. Попладне врнежите ќе престануваат и до четврток претпладне ќе има преодно стабилизирање на времето. Под влијание на нов влажен бран од четврток попладне повторно ќе има врнежи од дожд, на места пообилни.

Претходна вестПрв „Трпеза филм фестивал“ посветен на храната, во петок на 16 октомври
Следна вестДали Владата денеска ќе ни нареди задолжителното носење маски надвор?