Прв „Трпеза филм фестивал“ посветен на храната, во петок на 16 октомври

Во петок, на 16 октомври, во Кинотека ќе се одржи филмски фестивал посветен на храната. Насловен е „Трпеза филм фестивал“.

Одржувањето на фестивалот се совпаѓа со светскиот ден на храната што исто така е во петок.

Целта на фестивалот е едноставна: едукација на луѓето преку филмот – да почнат да размислуваат многу посуштински за храната и за изборот што секојдневно го прават, не само за себе, туку и за Планетата. Но, целта е и да се мотивираат, односно поттикнат продуцентите да ги документираат приказните на нашите локални производители кои и тоа како имаат што да кажат и да пренесат.

Традицијата на буковската пипер доловена преку „На трпеза кај…Македонија“ од Mирјана Момировиќ,„Езеро од јаболка“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, „Приказната за Слоу Фуд“ на Стефано Сардо и „Момчињата од Бароло“ на Паоло Казалис и Тициано Гаја, се четирите долгометражни документарни филмови што ќе бидат прикажани во петок.

Претходна вестЈСП ќе ги плаќа казните за повеќе од 4 лица кои „си дишат во врат“ во автобус?
Следна вестПроменливо облачно со дожд и ветер