Монодрама на светската актерка Алина Сербан на годинешниот Ромски театарски фестивал

Од 16 до 19 октомври Македонија е домаќин на 17 по ред Ромски театарски фестивал Garavde Muja. Во овие неколку дена ќе бидат прикажани дури девет премиери и плус една претстава од 1989 година.

Покрај домашната театарска сцена учествуваат екипи и од Србија, Косово, Романија и Германија. Своја монодрама ќе презентира и светската ромска филмска актерка Алина Сербан, позната по филмот Gipsy Queen. Познати режисери кои ќе учествуваат на фестивалот се Нада Кокотовиќ од театарот ТКО, Жоро Иванов од Бугарија, Џевдед Дода од Косово и Михаел Лукас од Романија и други.

Поради пандемијата Ковид 19, овогодинешното издание ќе биде во комбинирана форма. Дел од претставите ќе се прикажат преку онлајн платформата romanoilo.mk-garavdemuja и на интернет страната на порталот 24ВАКТИ. Во живо ќе се претстават три театарски претстави во градот Скопје и градот Штип со пред ограничен број на публика- не повеќе од 50 луѓе на отворен простор, согласно протоколите од страна на Министерството за здравство.