Промоција на збирката поезија „Аптека“ на Харакли вечерва во МКЦ

Вечерва во МКЦ се случува промоција на збирката поезија „Аптека“ од Ивана Харикли. Но не е само промоцијата, туку на настанот, покрај поезија и музика, гостите првпат ќе имаат прилика да бидат дел од т.н. #mojmuzej.

-Мој музеј е трансмедијална приказна, која почна од потребата за свесно реобмислување и вкоренување на сопствениот глас како жена од Балкан. Со таа цел, пред речиси три години почнав фокусирано да отпакувам интернализирани вредности, инертни состојби и стереотипни наративи, кои ги доживував околу и низ себе, истакна Харикли.

Бројот на посетители е ограничен со оглед на здравствената ситуација.

Претходна вестНе загадуваат само оџаците во Скопје, ако не сакате да ги видите другите, ни дрон не ве спасува!
Следна вестСончево со умерена облачност, слаб ветер и температури до 24 степени