Се снима игран филм „Зајко“ во Скопје, сообраќајот пренасочен

Скопје деновиве ќе има пренасочен возен ред низ центарскиот дел од градот заради снимање на кусиот игран филм чиј работен наслов, како што соопштува продукцијата, е „Зајко“.

Се снима на неколку скопски локации а продукциијата е македонско – хрватска, односно главниот збор го имаат хрватскиот режисер и сценарист Марко Чавка и македонскиот режисер Бранко Попчевски. Сценариото е на Чавка.

Актерската екипа ја сочинуваат нашите Елизабета Клинчаревска Младеновска и Џенап Самет, како и децата актери Адреин Гане Боирал и Анастасија Аневска. Станува збор за емотивна приказна која ги опфаќа социјалните разлики и различнте аспекти на идеологијата во современиот свет.

Претходна вестТрет ден е исчезнат средношколецот Слаѓан Цаневски, се одзива на името „Иша“
Следна вестТешка сообраќајка во Аеродром, интервенираа две возила на брза помош – ФОТО