Вечерва промоција на 3-от роман на Јанковски „Скриени желби, немирни патувања“

Вечерва во Кинотека на Македонија ќе се промовира романот на Владимир Јанковски, „Скриени желби, немирни патувања“, во рамки на Фестивалот на европската литература „BookStar“.

Се работи за трет роман на Јанковски во кој преку комбинацијата на педесетина приказни за ликови од различни географски меридијани и приказни за четири лика од Скопје, авторот се занимава со прашањата за тоа како луѓето ја гледаат „својата приказна“, колку конструкцијата на тоа што сме или што сакаме да бидеме е виртуелна имагинација, каков може да биде индивидуалниот одговор на притисокот да се биде успешен, како понекогаш потрагата по себеси и бегството од себе се поклопуваат, кој е нашиот дел, парче, фрагмент во големото шаренило на светот.

– „Скриени желби, немирни патувања“ истовремено е и роман за патувањата низ надворешните и внатрешните простори, роман што ги истражува разликите, пресекувањата и поклопувањата на овие навидум различни територии. Комбинацијата од непристрасен поглед на камера и лично обоено раскажување го создава необичниот тон на книгата, кој е еден од најважните аспекти на книгата, се вели во најавата за промоцијата на романот.

Претходна вестМораториум за градење во Центар за до пред локални избори или засекогаш?
Следна вестСончево со температура до 18 степени