Гала оперски концерт „Есенски музички свечености“ на 4 ноември во МОБ

Оперските солисти Марјан Николовски, Марјан Јованоски, Елена Голомеова, Драган Ампов, Ристе Велков, Билјана Јосифов, Десанка Глигоријевиќ, Наде Талевска Спасовска, Ирена Кавкалевска, Зоран Сотиров, хорот и оркестарот на Националната опера и балет – сите нив љубителите на музиката можат да ги гледаат и слушаат на 4 ноември во 20 часот на сцената на МОБ.

Гала оперскиот концерт е во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“ 2020, диригент е Иван Еминовиќ, режисер Дејан Прошев, концерт мајстор Јане Бакевски, а хор мајстори се Јасмина Ѓоргеска и Ѓургица Дашиќ.

Картиоте се продаваат во ограничен број заради протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата. Задолжително е носење на заштитна маска, а влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.

Претходна вестОпштинските каси имаат пари за избори, а компјутери за децата ако донира некој
Следна вестПроменливо облачно со услови за слаб дожд