Општинските каси имаат пари за избори, а компјутери за децата ако донира некој

Двајца скопски градоначалници се пофалија дека обезбедиле донации на таблети за онлајн настава за децата на териториите на нивните општини кои немаат финансиска можност сами да си купат. Па така, првиот човек на Гази Баба Борис Георгиевски доби 310 таблети од кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо, кој нагласи дека уште пред пандемијата граѓаните на двете држави си помагале едни на други за да ги „надминат тешкотиите заедно“.

Со ваква доза хуманост се пофали и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски. Осум компании донирале 108 таблети, а претходно, исто преку донација, се обезбедени 320 поделени на шесте основни училишта. Тоа значи вкупно 428.

И едната и другата бројка е секако добра вест пред се за учениците кои испуштија цел еден месец од наставата. Но клучното прашање што го поставуваат скопјани е: како може општините денар да не потрошат за овие деца, туку се да биде преку донации?

-Се ближат еве локални избори, тие мора да се платат од општински каси… Е како за избори пари има а за обезбедување на услови за основното загарантирано право на децата за образование донации се бараат?, прашуваат граѓаните.

Локалните самоуправи треба да учат од грешките на централата и да не ги прават истите. Граѓанските потреби се приоритет.

Претходна вестПронајдени кокаин, хашиш и марихуана во Кавадарци, приведени осуммина дилери
Следна вестГала оперски концерт „Есенски музички свечености“ на 4 ноември во МОБ