ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозно е власта да му даде награда „13 Ноември” на Караџовски  

 

Вистински скандал е што наместо оставка на Жарко Караџовски за над 900 починати лица поради Ковид-пандемијата, градот Скопје, Петре Шилегов и власта на Заев му дадоа награда „13 Ноември“, соопшти денеска опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Советничката група на оваа партија во Советот на Град Скопје потенцира дека тоа преставува деградирање и омаловажување на самата награда.

-Заслугите на Жарко Караџовски се тоа што во земјава дневно се заразуваат над 800 лица, Градот Скопје е главен корона кластер и сме држава со убедливо најголем процент на починати лица по глава на жител во регионот. Дополнително во составот на комисијата која одлучува за наградата „13 Ноември“ е и советникот на Зоран Заев, Љубиша Станковиќ, што значи советникот на Заев му доделил награда на сатрапот на македонското здравство Караџовски, а Шилегов тоа го одобрил. Секаде во светот фрштат оставки поради лошото справување со кризата само кај нас делат награди. Петре Шилегов со ова ја деградира наградата „13 Ноември“, се нагласува во реакцијата.

Претходна вестНова тура новинари – портпароли на државна плата
Следна вестМедицинските сестри пак заборавени: Неколегијално и непрофесионално е да се одликува и наградува тимот без нас