За еден месец казнети над 16.000 возачи во Македонија

Полицијата за еден месец казнила над 16.000 возачи во Македонија за разни прекршоци, соопшти МВР.

-Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. Досега за речиси еден месец по почнувањето со засилените сообраќајни контроли, изречени се над 16.000 санкции, рече портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Министерството за внатрешни работи, освен во Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови во Македонија.

Претходна вестНе помогнала паричната казна: Општина Центар го затвори кафе-барот „Интермецо“ поради бучава
Следна вестСкоро половина милион Македонци живеат под прагот на сиромаштија