76-годишен маж со пиштол се заканувал во канцеларија на доверител во Гевгелија

Маж на возраст од 76 години со пиштол се заканувал во канцеларија на доверител во Гевгелија. Откако бил приведен тој на полицијата и кажал дека пиштолот бил „плашливец” и го фрлил во река Вардар во близина на мотел.

„Вчера во Полициска станица Гевгелија бил лишен од слобода Б.К.(76) од Гевгелија, бидејќи во канцеларија на извршител Д.Д. (46) во Гевгелија, каде покрај Б.К. должник биле присутни и доверител П.П.К.(66) од Гевгелија и адвокат Д.А.(59) од Нов Дојран, тој вперил пиштол кон П.П.К., но бил спречен во намерата од Д.А. По приведувањето Б.К. изјавил дека пиштолот бил „плашливец” и го фрлил во река Вардар во близина на мотел”, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Претходна вестНовиот протокол ги одложи натпреварите во Првата и Втората лига
Следна вестРекордни 934 новозаразени, пет починати од корона