Кучиња скитници уште напаѓаат, зошто не се згрижени во „Лајка“?

Сите очекувавме дека со отворањето на стационарот „Лајка“ малку ќе ни олесни проблемот со кучињата скитници по скопските улици. Да, се уште е рано да се среди проблемот, но мораше и да се види до сега некој ефект од стационарот. Но…

Кучињата-скитници и понатаму се во голем број на улиците и се чини ги има најмногу во населбата Аeродром, но и по должина на целиот кеј на Вардар.

– На 29.10.2020 во 19.06 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.Б.(50) д Скопје пријавил дека на насип на река Вардар, кај место викано „Састав“, неговата 13-годишна ќерка била касната од куче скитник.

Ако примарната цел е почитување на правото на граѓаните слободно да се движат и да не бидат напаѓани од кучиња, а од друга страна на кучињата да им се даде катче за згрижување, зошто и уште колку време ќе има црни статистики на нападнати луѓе? Како и кога се носат скитниците кучиња во „Лајка“ треба да објаснат надлежните.

Претходна вестРекордни 934 новозаразени, пет починати од корона
Следна вестНа барање на посетителите, изложбата на Кондовски останува отворена до 15 ноември