Темен режим Режим на светлина

Сончево со температура до 23 степени

Еве какво време не очекува денеска? Еве какво време не очекува денеска?

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, особено во северните и североисточните делови облачноста значително ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен по должина на Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 23 степени.

Во Скопје, претпладне ќе биде сончево со мала облачност, попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во следните денови ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови повремено значителна облачност со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено изразен по должина на Повардарието.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

На барање на посетителите, изложбата на Кондовски останува отворена до 15 ноември

Следна објава

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче урива рекорди секој ден, бројката на починати од корона е скоро 1.000