Скоро половина милион Македонци живеат под прагот на сиромаштија

 Во 2019-та година, стапката на сиромашни лица во Македонија е 21,9 отсто со што вкупно 455.600 жители во земјава во текот на минатата година, биле под праг на сиромаштија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Ваква стапка на сиромаштијата била забележана и во 2018-та година, додека во 2017-та тој процент беше 22,2 проценти.

Стапката на сиромаштија, според типот на домаќинство, е највисока (45,3 проценти) кај домаќинство на двајца возрасни со три и повеќе издржувани деца. Потоа следи самохран родител со издржувани деца (42,8 проценти) и домаќинства со издржувани деца (26,4 отсто).

Неактивните и невработените лица се меѓу најранливите категории кога е во прашање сиромаштијата, бидејќи кај нив стапката на сиромаштија е највисока (33,9 отсто и 33,2 проценти), а најниска кај пензионерите (2,2 отсто).

Претходна вестЗа еден месец казнети над 16.000 возачи во Македонија
Следна вестУбаво: Во Карпош ќе се насадат 450 нови дрвја