Не помогнала паричната казна: Општина Центар го затвори кафе-барот „Интермецо“ поради бучава

Забрана да врши угостителска дејност во законски определен рок од 30 дена му е изречена на правниот субјект „Фор Фингерс“ ДОО Подружница бр.1 Интермецо Скопје, од страна на Секторот за инспекциски надзор на Општина Центар.

По пријава и континуирани поплаки од страна на жителите на Општина Центар, констатирано е дека локалот и правниот субјект Интермецо ги надминал пропишаните гранични вредности на имисионото право на бучава.

-Со оглед на горенаведеното правно лице, за кое веќе му е изречена глоба во износ од 6.000 евра и поради повторно непочитување на законските одредби, на кафе барот Интермецо му се изрекува забрана за вршење дејност, се наведува во соопштнието.

Од општина Центар апелраат до сите угостителски објекти да го почитуваат Законот за заштита од бучава во животната средина и да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за дозволеното ниво на децибелажа.

Претходна вестВо градинките досега позитивни на вирусот 33 деца и 109 вработени
Следна вестЗа еден месец казнети над 16.000 возачи во Македонија