Медицинските сестри пак заборавени: Неколегијално и непрофесионално е да се одликува и наградува тимот без нас

Неколегијално и непрофесионално е да се одликува тимот тимот кој ја извршил првата трансплатација на срце за награда „13 Ноември“ без медицинските сестри, реагира денеска Унијата на здруженијата на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри. Унијата е разочарана од одлуката на надлежната комисија за градската награда „13 Ноември“ ова признание да се додели само на лекарскиот тим, а не и на медицинските сестри кои учествувале во историскиот зафат..

-Ние сме горди на сите колеги од тимовите, сите успеси се и наши успеси но, не можеме да го премолчиме фактот дека често се заборава дека во здравствените тимови спаѓаат и медицинските сестри. Впрочем ние сме и носители на здравствените тимови, најважната алка во целиот здравствен систем. Ја прашуваме комисијата која за награда го одбрала тимот кој ја извршил првата трансплатација на срце каде се медицинските сестрите на списокот? Зарем тимот го сочинуваат само докторите? Инсистираме медицинските сестри да бидат достојно прикажани  како што и заслужуваат, се потенцира во соопштението.

Унијата и порача на Комсиијата дека, доколку ја немаат листата на медицински сестри кои беа дел од тимот и на кои се особено горди, тие им ја доставуваат:

мед.тех. Слаѓана Гроздановска,

мед.тех. Јелена Жарковиќ,

дип.мед.тех Имран Елези,

мед.тех. Мартина Караѓоска

и мед.тех. Кристина Николовска – инструментарки од УК за Државна Кардиохирургија;

мед.тех. Магдалена Станчева

 и мед.тех. Анита Колевска – анестетичарки од УК за Државна Кардиохирургија;

мед.тех Александра Темелковска,

мед.тех. Бранко Чочек,

и мед.тех. Игор Каевски – перфузионисти од ЕКЦ тимот на Жан Митрев Клиник;

дип.мед.тех Катерина Ристовска

и дип.мед.тех. Александра Ристовска Тунев – инструментарки од Жан Митрев Клиник;

и дип.мед.тех. Весна Наумовска – анестетичарка од Жан Митрев Клиник.

-Во оваа година на сестрите, прогласена од Светската здравствена организација, срамно е да се молиме за да ни се признае трудот, срамно е да го немаме законот за професијата и да бидеме само бројки за смена и ротација. Покрај толку јавни епитети за нашата работа: островот на спасот, херои, промотори на здравјето, здравствени воспитувачи… недолично е се уште да бидеме на маргините и да се злоупотребува нашата трпеливост, се потенцира во соопштението.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Скандалозно е власта да му даде награда „13 Ноември” на Караџовски  
Следна вестТешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа во Бутел