Променливо облачно со услови за слаб дожд

Во Скопје претпладне ќе провладува променливо облачно време со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 16 степени.

Во останатиот дел од Македонија времето претпладне ќе биде променливо облачно, во северните делови со слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж повардарието. Во текот на денот облачноста ќе се намалува.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 13, а дневната од 13 до 21 степен.

Претходна вестГала оперски концерт „Есенски музички свечености“ на 4 ноември во МОБ
Следна вестНАТО ни донира 60 респиратори за лекување на заболените од вирусот