Бидете во Градски парк и уживајте во детскиот мјузикл „Убавицата и ѕверот“

Во премиерната изведба на мјузиклот „Убавицата и ѕверот“ денеска можат да уживаат најмладите во градскиот парк. Перформансот е закажан на школка во 13 часот, а главните улоги се децата од Студиото за детски мјузикли при Здружението за инклузивно и неформално образование Крео-Аксис од Скопје.

– Преку оваа француска бајка која е создадена во далечната 1740 год, а е популарна и ден денес, децата научија многу важни животни лекции, како на пример не судете според надворешниот изглед, убавината доаѓа одвнатре, осмели се да бидеш различен од другите и никогаш не се откажувајте од вашите соништа, истакна Наташа Лалчевска од Крео-Аксис.

Улогите во мјузиклот ги толкуваат Лара Иванова како Бел (Убавицата), Ѕверот го игра Симеон Коруноски, Гастон – Матеј Златков, г-ѓа Потс – Јана Јовиќ, Лумиер – Давид Огнаноски, Когсфорт – Јована Лалчевска, ЛеФу – Лука Златков, Бабет – Неда Димкова, Мадам – Дена Деница Симјаноска и Чип- Бисера Мојаноска.

Претходна вестГраѓани: Бадијала ќе тестирате засилено викендов, кога не можеме ни да закажеме!
Следна вестСончево со мала до умерена облачност