Мораториум за градење во Центар за до пред локални избори или засекогаш?

Мораториоумот за градење во општина Центар, кој најмногу ја разбуди јавноста заради планираните згради што треба да никнат кај поранешната фабрика „Треска“, но пред се заради двете 60-катници на паркингот кај хотелот Холидеј ин – пак се најде пред Уставен суд. Всушност, општината добила писмо од судот дека до крајот на оваа недела има обврска да испрати одговор до највисоката судска истанца во државава во врска со обвинувањата на охридските иницијатори дека незаконски ја суспендирала реализацијата на плановите.

И кога пак се отвора прашањето сега, скопјани, не само оние од Ценатар, веднаш реагираат и не се баш оптимисти:

-Ќе одолговлекува градоначалникот до избори некако можеби, но потоа нема да има каде да бега, градењето ќе се реализира… коментира Соња В. која живее во Порта Буњаковец.

-Како што сега предизборно се раскопаа сите клучни сообраќајници во Скопје, така предизборно нема да се гради, ама кој и да дојде на местото на актуелниот градоначалник на Центар нема да може да го одржи мораториумот, па и 60-катниците ќе никнат, а богами и бетонската населба кај „Треска“…додава Маја Т. од Дебар маало.

-Добро е што до сега не се градеше, така да тера градоначалникот и понатаму, напишал друг скопјанец.

Во врска со одговорот што се очекува Саша Богдановиќ да му го даде на Уставен суд се надзира надеж дека и самиот градоначалник има намера суспензијата на градењето да остане.

-При крај сме со одговорот за иницијативата до Уставен каде што јасно ќе дефинираме од каде ја црпиме таа правна сила за да може да донесеме таква одлука. И тогаш ќе се доведеме во ситуација, ако Уставен каже ‘вие не сте надлежни тоа да го правите’, тогаш ние да го прашаме кој е надлежен да спроведува план кој не е усогласен со одредени параметри, смета Богдановиќ.

Претходна вестЗаев го прифати барањето за разрешување на Димова
Следна вестВечерва промоција на 3-от роман на Јанковски „Скриени желби, немирни патувања“