Од денеска до 6 ноември три изложби во Кинотека

Денеска се отвараат три изложби во Кинотека на Македонија кои ќе траат до 6 ноември.

Насловени се „Довидување Скопје – довидување граду наш мил. Евакуација на децата по земјотресот во скопје 1963-1964г.“ од проф. д-р Марјан Димитријевски; „Скопје во времето на градоначалникот Јосиф Михајловиќ-Јуруковски“ од проф. д-р Лидија Ѓурковска и „Документи и фотографии за развојот на здравството во Македонија по Втората светска војна“ од проф. д-р Габриела Топузвска.

Првата е посветена на патешествието на скопските деца по земјотресот во 1963 година, нивно сместување, престој во бројни места ширум тогашна СФР Југославија и школувањето на македонски наставен јазик во: Пореч, Цриквеница и Лесковац.

Претходна вестСкопје стана Ломбардија, зошто се чекаше 8 месеци за кампања за носење маски?
Следна вестПретежно сончево со слаб ветер