Трет светски трофеј за „Врба“ на Манчевски за само 2 недели

За најдобар режисер на фестивалот Рејнденс во Лондон е прогласен македонскиот Милчо Манчевски. Ова е една од најпрестижните светски награди оти станува збор за најголемиот фестивал на независен филм во Велика Британија и светот.

Манчевски го импресионираше жирито со „Врба“, а успеа да се избори во 8 категории. На церемонијата која се одвиваше онлајн, Манчевски наградата им ја посвети на двете британски продуцентски легенди, Сајмон Пери, кој беше најзаслужен за да се случи неговиот прв филм „Пред дождот“, и на покојниот Ник Пауел, кој стои зад „Врба“.

Ова е трет трофеј што „Врба“ го освои во рок од 2 недели, откако минатата недела шпанската и американската премиера беа крунисани со престижната Сребрена палма во Валенсија, Шпанија и наградата за Најдобар филм на Фестивалот Синеквест во САД.

Претходна вестВо Скопје ноќ на вештерките: најстрашно во Ново Лисиче, измерени 174 ПМ10
Следна вестМагла на пладне ќе се повлече пред сонце