Магла на пладне ќе се повлече пред сонце

Во Скопје и околина во раните претпладневни часови ќе биде магливо, а потоа сончево и тивко  време, најавуваат метеоролозите за денеска. Максималната тепретаура ќе достигне до 15 степени.

Сончево и тивко време се очекува и во другите краишта од Македонија. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22 степена.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време со слаб ветер, што ќе услови по котлините да има појава на магла и ниска облачност, особено во ноќните и претпладневните часови.

Претходна вестТрет светски трофеј за „Врба“ на Манчевски за само 2 недели
Следна вестВо Аеродром e секој седми од скопските случаи на корона вирус