Во Аеродром e секој седми од скопските случаи на корона вирус

Скопската општина Аеродром и натаму е подрачје со најголем број на активни случаеви на корона вирусот. Вчерашните податоци покажуваат дека во неа е сконцентриран речиси секој седми случај од вкупно инфицирани граѓани на скопското подрачје. Односно, од вкупно 7.114 случаеви во Аеродром се забележани нив 1.120.

Зад оваа општина се Карпош со 979 случаи, Гази Баба со 970 и Центар со 934 инфицирани граѓани.  Во Кисела Вода има 858, Ѓорче Петров 588, Чаир – 424, Бутел – 387, Шуто Оризари – 100 и Сарај – 66.

Во општините на поширокото градско подрачје состојбата е следна: Студеничани– 36Арачиново -16Илинден – 174Сопиште – 58Чучер Сандево – 48Петровец –68Зелениково -38Странец – 95 и Нераспределен- 155.

Претходна вестМагла на пладне ќе се повлече пред сонце
Следна вестНад 200 илјади граѓани неделава ќе им се исплатат парите од „Викендот без ДДВ“