„Киненова“ продолжува со филмски проекции до крајот на ноември

Наместо до 24 ноември, филмски проекции на меѓународниот фестивал „Киненова“ ќе продолжат до крајот на ноември, на телевизијата 24.

Главната програма на фестивалот заврши на 18 октомври така што до крајот ќе се продолжи со репризирање на филмовите.

Инаку ѕвезда на годинешното издание на фестивалот е актерката Бранка Катиќ која што е добитник на наградата за особен придонес во филмската уметност. Главното фестивалско жири GRAND PRIX за најдобар филм на фестивалот ја додели на грчкиот филм „ВЕТЕРАН / DEFUNCT“ на Захаријас Мавридис, а во истата категорија, награда за најдобра режија доби филмот „МАРЈАМ“ на Шарипа Уразбајева од Казахстан.

Претходна вестПМ10 „прскаат“ на мерните станици, Градот се чуди што новинарите прашуваат за загадениот воздух
Следна вестИгор Дурловски се повлекува од пратеничка функција: Тоа што го зборував не можам да го направам…