„Чудесна терапија“ вечерва на репертоарот на Драмски театар

„Чудесна терапија“ е претставата вечерва на репертоарот на Драмски театар, кој завчера одново ги отвори вратите за своите посетители.

Следните претстави се закажани за 30-ти и 31-ви октомври, односно „Партија реми“ е на репертоарот и двата дена.

Покрај задолжителното носење на маска и дезинфекција на рацете, при влез во театарот, ќе биде задолжително мерење на температура на секој посетител, ограничен влез по принцип еден по еден со раздалеченост од 1,5 до 2 метра, секој посетител ќе ја носи својата гардероба (јакна, палто) со себе затоа што гардеробата нема да биде во функција и ќе мора да седи сам на седиште со раздалеченост од најмалку 1,5 метар до следниот гледач.

Претходна вестСкопјани: Од небо ли ќе ги чистите депониите, со дрон кој „фрла“ метли?
Следна вестСончево со температура до 20 степени