Сончево со температура до 20 степени

Претежно сончево време со услови за слаба утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 20 степени, најавуваат метеоролозите за денеска на скопското подрачје.

Во другите делови од Македонија времето ќе биде претежно сончево, по одделни котлини со слаба утринска магла. На места ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

До сабота ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде во пораст. Во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Претходна вест„Чудесна терапија“ вечерва на репертоарот на Драмски театар
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Потребна е нова Специјална комисија од експерти