„Подолг период сведочиме на системско поткопување на поделбата на власта, владеењето на правото и основните принципи на уставноста. Постои реална и основана загриженост дека извршната власт спроведува координирана стратегија за навлегување во судската независност, што укажува на јасна и систематска инсталација на авторитаризам“, стои во писмата што претседателот на СДСМ, Венко Филипче ги испратил до Европската Унија, Европската комисија, Европскиот парламент, известувачот за Македонија како и амбасадорите на земјите членки на ЕУ.
Во писмата соопшти СДСМ, директно се посочува улогата на премиерот Христијан Мицкоски и се нотираат најавите со закани врз опозицијата и најавата за политички прогон:
„Имам чувство, кога набргу, високи функционери од претходната влада на СДСМ, поранешни премиери, нивни блиски од семејството итн ќе бидат опфатени со одредени прогони. Имам чувство не велам дека имам информации, имам чувство.“
Во писмата, како што соопшти СДСМ, директно се посочува улогата на премиерот Христијан Мицкоски и се нотираат негови закани врз опозицијата и најавата за политички прогон.
Премиерот Мицкоски денеска изреагира на писмата од Филипче со кратка изјава дека секој има право да си се допишува и да си праќа писма, но рече дека неговите чувства се се посилни.

