Времето денеска претпладне ќе биде претежно сончево, додека попладне ќе има постепено зголемување на облачноста. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи, главно од снег, информираат од Управа за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од минус 12 до минус 2 степени, додека максималните ќе бидат во интервал од 0 до 8 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб ветер од источен правец. Утринската температура ќе изнесува околу минус 6 степени, а дневната ќе достигне до 6 степени.
Во наредните три дена се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од снег.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: